Хороскопски знаци што се магнет за погрешни мажи

Хороскопски знаци што се магнет за погрешни мажи

пред 4 години

Жените што немаат среќа во љубовта, знаат да речат дека се магнет за погрешни мажи. Но, според астролозите, некои жени, повеќе од другите, привлекуваат пертнери што не се за нив.

Овен

Овните се храбри, дрски и самоуверени. Веруваат дека можат да имаат сѐ што ќе посакаат, па со својата упорност можат да придобијат секого. Но, забораваат дека тоа не успева секогаш и кај секого. За љубов е потребно многу повеќе од слаткоречивост. Затоа, честопати им е потребен поголем залет за да пронајдат некој на кого можат да му го подарат срцето.

Скорпија

Скорпиите се многу тврдоглави. Кога ќе запознаат некој за кого сметаат дека е добар, а не е многу заинтересиран за нив, тие стануваат опседнати. Ќе се обидат да го придобијат на сите можни начини. Резултатот честопати се повторува: другиот се повлекува. Поради тоа, личностите родени во знакот на скорпија имаат чувство дека постојано се вљубваат во погрешни личности. Затоа, треба да ја променат тактиката.

Стрелец

Постојано се расположени за лов, а светот го гледаат како место каде што можат да доживеат нешто ново во секој момент. Притоа не се плашат од ништо и сакаат да ги откријат и најдалечните места. Веруваат дека сѐ е возможно. Проблем е што се вљубуваат во недостижни луѓе кои никогаш нема да можат да ги освојат. Притоа забораваат на реалноста. Сѐ додека не се разбудат од својот сон.

Риби

Рибите се креативни, мудри и мирни. Но, со задоволство бегаат од реалноста. Ако сакаат, тогаш тоа е сериозно. Ако се сами, се обидуваат на сила да најдат нов партнер со кој можат да чекорат низ животот. Поради тоа честопати се вљубуваат во луѓе кои за жал немаат интерес за нив.

Share
Scroll to Top