Хороскоп за 12 ноември: Скорпијата ќе сретне стари пријатели, за лавот семејни проблеми

Хороскоп за 12 ноември: Скорпијата ќе сретне стари пријатели, за лавот семејни проблеми

пред 3 години

ОВЕН
Денес месечината ви носи позитивни вибрации. Ќе бидете трпеливи и тоа ќе ви користи. На работното место ќе превземете некоја иницијатива поради која ќе бидете наградени. Доколку сте имале некои проблеми во домот со семејството, конечно ќе бидат разрешени. Оние кои се сингл ќе бидат поканети на љубовен состанок.

БИК
Денес ќе добиете резултати од некоја работа за која сте вложиле голем труд. Немојте да очекувате премногу од другите и нема да бидете разочарани. Можно е да се впуштите во анализирање на себеси и своите постапки, немојте да бидете премногу строги. Ќе добиете самодоверба да прифатите некој предизвик.

БЛИЗНАЦИ
Ќе чувствувате незадоволство а тоа ќе ве спречи да уживате во мигот. Ќе бидете нетрпеливи а тоа ќе се одрази на вашата работна ефикасност, можно е да направите некои пропусти и банални грешки. Доколку сте во потрага по мир, посетете религиозно место. Практикувајте јога или медитација.

РАК
Месечината ве благословува во среќа на вашиот пат, очекувајте нешто од кое ќе ви потскокне срцето. Ќе се чувствувате енергично и исполнето затоа што работите ќе се одвиваат во насока каква што посакувате. Очекувајте позитивна вест од брат/сестра.

ЛАВ
Денес ќе бидете зафатени со некои семејни проблеми, ќе барате најдобра тактика за разрешување која нема да повреди никого. Вашата ароганција може да ја наруши хармонијата. При крајот на денот ќе имате се под контрола. Следете ја вашата интуиција.

ДЕВИЦА
Ќе успеете да се справите со некој голем проблем и тоа на најдобар можен начин, ќе бидете горди на себе. Ќе успеете да направите баланс помеѓу вашата заработка и вашите трошоци, тактични сте и разумни. Можно е да планирате некое патување а тоа ќе му годи на вашето здравје.

ВАГА
Можно е да се соочите со некој здравствен проблем, недоволниот сон влијае негативно врз вашето тело и вашиот ум, не размислувате рационално и занемарувате важни нешта. Се чувствувате мрзеливо, избегнувајте да го трошите времето на нешта кои не ви годат.

СКОРПИЈА
Денес ќе бидете зафатени со вашиот социјален круг, ќе се најдете со некои стари пријатели и ќе ги оживеете старите врски. Можно е од сето тоа да имате и некоја добивка. Оние кои се студенти наскоро ги очекува понуда која ќе им помогне да напредуваат.

СТРЕЛЕЦ
Во текот на овие денови очекувајте вашиот приватен бизнис да процвета. Пристигнуваат одлични понуди на ваша адреса и ќе се чувствувате олеснето. Успехот ви е загарантиран. Ќе морате да издвоите повеќе време за семејството. Потајно ви се подготвува роденденско изненадување.

ЈАРЕЦ
Денес среќата ќе биде на ваша страна, очекувајте добра добивка и подобрување на вашата финансиска состојба. Ќе стекнете ново познанство кое може да прерасне во нешто повеќе. Некој стар пријател има да ви каже нешто важно, не одложувајте средба.

ВОДОЛИЈА
Безгрижни сте и ги оставате нештата да течат сами од себе, можеби некои од нив сепак треба да ги превземете под своја контрола. Избегнувајте да донесувате брзи заклучоци и размислете подобро пред да пресудите. Можни се некои проблеми со дигестивниот систем. Внимавајте во сообраќајот.

РИБИ
Доколку некој околу вас се обидувал да ви наштети или да ве претстави во лошо светло, кармата ќе му биде возвратена. Правдата е на ваша страна и тоа ќе ве исполни со надеж и мотивација. Очекувајте нова бизнис понуда. Поддржете некој ваш пријател во некоја расправија, тој ја зборува вистината.

Share
Scroll to Top