Овен
Денес би било мудро да се позанимавате со некои од проблемите кои ве мачат веќе подолго време. За брзо ќе најдете решенија. Бидете одлучни и насочете се кон вашите цели. Финансиската ситуација ви е стабилна. Во љубовта може да имате проблеми, но затоа здравјето ви е одлично, но не ги занемарувајте редовните прегледи.
Бик
Денешниот ден ви носи големи предизвици, но немојте да се грижите. Ќе успеете да ги совладате сите. Можни се финансиски изненадувања, па внимавајте на што ги трошите парите. Во љубовта треба да се отворите кон партнерот. Покажете му дека ви значи. Слободните размислуваат за бившата љубов. Здравјето ви е одлично.
Близнаци
Четврток е одличен ден да воспоставите нови деловни контакти и да започнете соработка со искусни колеги. Финансиската ситуација ви се поправа, бидете трпеливи. Слободните близнаци ќе се изненадат. Можно е да се појави нова личност која ќе ги прифати. Здравјето ви е добро, но внимавајте на исхраната.
Рак
Денес ќе имате потешкотии на работа, но не се грижете премногу. Ако останете концентрирани, мотивирани и вредни, успехот ви е гарантиран. Што се однесува до парите, можеби ќе морате да се воздржите од непотребни трошоци. Кога станува збор за љубовта, почнувате да размислувате за сопствените чувства и да анализирате што поинаку сте можеле да направите во врската. Можни се проблеми со варењето.
Лав
Четврток ќе биде успешен за лавовите во деловна смисла. Можете да очекувате награда и вашиот труд и залагање кои сте ги покажале во изминатиот период. Бидете внимателни со парите, може да се појават неочекувани трошоци. Во љубовниот живот, очекувајте романтична вечер со саканата личност. Здравјето ви е стабилно, но сепак внимавајте на исхраната.
Девица
Девицата ќе се соочи со предизвици во деловното опкружување. Бидете внимателни и избегнувајте го носењето на брзоплети одлуки. Кога станува збор за парите, можно е да имате помали трошоци, но генерално состојбата ви е стабилна. Во љубовта можни се несогласувања со саканата, па подгответе се за разговор. Здравјето ви е стабилно, но внимавајте да не се префорсирате.
Вага
На работа ве чекаат доста предизвици, но вашата упорност и способност да останете смирено ќе ви помогне да ги надминете сите пречки. Финансиската ситуација ви е стабилна, но важно е да ги избегнете ризичните вложувања. Очекувајте пријатно изненадување од партнерот. Слободните ваги се подготвени за флерт. Здравјето ви е добро, но внимавајте на исхраната и вежбањето.
Скорпија
Денешниот ден може да ви биде многу попродуктивен по прашањето за работа. Бидете подготвени да се соочите со предизвиците и да ја искористите шансата која ви се нуди. Финаниската состојба ви е стабилна, но избегнувајте ги имплусивните пазарења. На љубовен план бидете искрени кон партнерот и избегнувајте да ја скриете вистината. Здравјето може да ви биде стабилно, но внимавајте на стресот и заморот.
Стрелец
Денешниот ден би можел да ви донесе предизвици на деловен план, но останете смирени и концентрирајте се на целите. Финансиската состојба ви е стабилна, а препораката е да бидете внимателни на различни вложувања. На љубовен план, бидете отворени кон партнерот и искрено поразговарајте за вашите чувства и за сето она што ве кочи да тргнете напред. Избегнувајте го претераниот физички напор.
Јарец
Ве очекува многу попродуктивен ден на работа, голема е веројатноста дека ќе напредувате и ќе се изборите за подобра позиција. Кога станува збор за парите, потребно е да се однесувате малку помудро и избегнувајте ги имплусивните пазарења. Зафатените јарци да бидат внимателни кон партнерот, а слободните би требало да ја прифатат поканата да излезат на пијалок. Стресот и напнатоста ви го нарушуваат здравјето.
Водолија
Можни се помали проблеми со колегите. Со некои од нив сте се замериле па сега се обидувате да соберте екипа на истомисленици. Останете смирени и фокусирајте се на вашите цели. Бидете внимателни со ризичните инвестиции. Слободните водолии треба да ги земаат работите во свои раце и да го направат првиот чекор. Тие се незапирливи, невозможно е да им се одолее. Психички сте исцрпени, потребна ви е релаксација.
Риби
Дневниот хороскоп за 30 март покажува дека денот ќе ви биде успешен и продуктивен, особено за вработените. Ова ќе ви биде можност за напредување, само треба да го искористите. Ве очекуваат голем прилив на пари, веројатно станува збор за задоцнета наплата. Партнерот ви е нешто потаинствен, а вие се правите дека не го гледате тоа. Денес ќе се соочите со вистината. Чувајте се од настинка и грип и внимавајте на исхраната и одморот.