Хороскоп за 30 ноември: Ракот да внимава на исхраната, Стрелецот ќе ја освои личноста што му се допаѓа

Хороскоп за 30 ноември: Ракот да внимава на исхраната, Стрелецот ќе ја освои личноста што му се допаѓа

пред 3 години

ОВЕН

Размислувате да воведете некои иновации во работата. Подготвени сте да се посветите на новите проекти. Можно е да не сте ги добиле сите емоции што ви се потребни и полека доаѓа крајот на вашата врска. Чувствителни стапала.

БИК

Немате доволно концентрација на работа и денес дури и основните обврски тешко ви паѓаат. Дојдовте до носењето важни одлуки. Сега е моментот кога вашата врска ќе напредува. Нервозни сте.

БЛИЗНАЦИ

Решивте да го преземете поголемиот дел од работата на себе за ситуацијата да може да се помрдне од мртва точка. Пред вас е поволен период ако планирате брак со личноста што ја сакате. Проблеми со вените.

РАК

Време е да се посветите на работата за да создадете подобар однос со соработниците ако планирате нешто да постигнете. Ако сте слободни, ве очекува ново љубовно познанство. Склони сте кон дебелеење, внимавајте на исхраната.

ЛАВ

Размислувате за промени на работа иако и понатаму не ви се укажува некоја конкретна можност за тоа. Ви се допаѓа личност што покажува дека е ладна и незаинтересирана, па затоа се држите на дистанца. Хронични проблеми со здравјето.

ДЕВИЦА

Може да очекувате многу позитивна атмосфера на работното опкружување. Ги остварувате своите планови. Полека се разделувате од личноста што ви се допаѓа и не ви е лесно да ја поднесете дистанцата. Многу добро здравје.

ВАГА

Потрудете се да се контролирате себеси, но и својата суета. Емоциите немаат врска со деловното опкружување. Размислувате на кој начин да почнете комуникација со една личност од минатото. Внесувајте повеќе течности.

ШКОРПИЈА

Ве очекува фаза што нема да биде поволна, некои тешкотии се пред вас денес. Ве очекува можност за почеток на однос со личност во која сте тајно вљубени веќе некое време. Можен е пад на имунитетот, внимавајте на себе.

СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате дека ќе имате некои недоразбирања во текот на деловните преговори или важни разговори. Пред вас е шанса да ја освоите личноста што ви се допаѓа. Ќе имате можност да ѝ ја покажете вашата наклонетост. Одморете се.
ЈАРЕЦ

Може да сметате дека ќе ги остварите своите цели на деловно поле. Промените на кои се надевавте полека се случуваат. На љубовно поле ќе го пронајдете она на кое се надевавте. Добро се чувствувате и немате здравствени проблеми.

ВОДОЛИЈА

Сакате да направите некои позитивни промени на деловно поле, но свесни сте дека не можете да го постигнете тоа сами. Сакате да ги решите проблемите со саканата личност и да живеете нормално. Бубрезите ви се чувствителни.

РИБИ

Не откажувате се од амбициите што ги имате, но во овој момент време е да прифатите дека нема да оди сѐ онака како што сте замислиле. Не ве очекуваат промени на љубовно поле денес. Чувствителен желудник.

Share
Scroll to Top