Хрватските тенисери ќе играат едни против други за олимпиското злато во двојки

Хрватските тенисери ќе играат едни против други за олимпиското злато во двојки

пред 3 години

Хрватските тенисери Никола Мектиќ и Мате Павиќ ќе играат против Марин Чилиќ и Иван Додиг во финалето на турнирот на двојки на Олимпијадата во Токио. Ова е прв ваков случај по 1908 година, кога сите медаи во двојки на Олимписките игри ги освоија британски тенисери.

Марин Чилиќ и Иван Додиг, ретко во кариерата играле заедно, но победија во првото полуфинале. Во второто полууфинале Никола Мектиќ и Мате Павиќ беа подобри од американската двојка Краичек/Сандгрен. Матиќ и Павиќ неодамна победија на Вимблдон во машки двојки.

Финалето се игра денес, и без оглед на победникот, на Хрватска ќе ѝ донесе уште два медала. Хрватска досега има освоено три олимписки медали во тенис, сите три бронзи.

Share
Scroll to Top