Хрват со гаќи врз глава чекаше ред на каса во маркет

Хрват со гаќи врз глава чекаше ред на каса во маркет

пред 3 години

Хрват стана хит на социјалните мрежи, откако  со женски гаќи врз глава наместо капа чекаше ред во продавница. Настанот се случил во маркет во населбата Средњаци во Загреб, пренесува „24 часа“.

„Не најдов капа, па ги зедов гаќите од жена ми“, одговорил тој на прашањето од касиерот зошто е така облечен.

Коментарите на социјални мрежи се разни. Додека некои се сигурни дека се работи за некаков облог со пријателите, други се шегуваат дека ова е новото нормално.

„Можел и танга гаќи да стави“, пишуваа трети.

Share
Scroll to Top