Хулк по четврти пат ќе стане татко, овојпат со внуката на бившата жена

Хулк по четврти пат ќе стане татко, овојпат со внуката на бившата жена

пред 3 години

Бразилскиот напаѓач на Атлетико Минеиро, Живанилдо Виеира де Соуза, попознат како Хулк, по четврти пат ќе стане татко, овојпат со Камила Анжело, новата сопруга, која  е внука на неговата поранешна сопруга.

Камила (31) е внука на поранешната сопруга на Хулк, Ира Анжело де Соуза (33) со која поранешниот фудбалер на Порто беше оженет од 2007 до 2019 година и со која има три деца, пред Хулк да почне врска со внуката неколку месеци по нивната разделба.

35-годишниот Хулк блескаше во Европа со Порто и Зенит Санкт Петерсбург, пред да замине во Кина, каде што играше за Шангај СИПГ, за неодамна да се врати во татковината.