Организаторите на Оскарите годинава одлучија црвениот килим да го заменат со тепих во боја на шампањ. Во средата пред театарот Долби во Холивуд работниците кои работат на подготовките го одвиткале тепихот додека водителот Џими Кимел зборувал со новинарите.
„Мислам дека одлуката наместо црвен да имаме килим со шампањ покажува колку сме сигурни дека нема да се пролее крв“, се пошегува Кимел.
Одлуката за промена на бојата ја донеле креативните консултанти Лиза Лав, долгогодишна соработничка на Vogue и Раул Авила, директорот на гламурозната Мет Гала во Њујорк.
Годинава килимот ќе биде делумно покриен за да се заштитат ѕвездите и камерите од временските неприлики. За потсетување, црвениот килим на Оскарите датира од 1961 година, кога се одржа 33-тото доделување на Оскарите во Civic Auditorium во Санта Моника.
Пошироката јавност немаше можност да го види во полн сјај на телевизија сè до 1966 година, кога за првпат наградите Оскар беа емитувани во боја. Оскарите ќе почнат во понеделник во 2 часот по европско време односно 20 часот по локално време во Лос Анџелес.