Чарлс е новиот британски крал

Чарлс е новиот британски крал

пред 2 години

По смртта на кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс е новиот британски крал. Досегашниот принц од Велс престолот го презеде моментално. На 73 години стана најстариот монарх во историјата на Британија и ќе владее под името Чарлс Трети.

dobivaj vesti na viber

Чекаше децении да стане крал и е принц со најдолг стаж во британската историја. Кога Елизабета го презеде тронот на 25-годишна возраст, стана британски наследник на 3-годишна возраст.

Титулите на Чарлс ги вклучуваат оние на принцот од Велс, војводата од Корнвол, војводата од Ротези и Ерл од Керик. Постариот син Вилијам е сега престолонаследник, но нема автоматски да биде принцот од Велс, туку прво ќе ја наследи постарата титула на татко му, принцот од Корнвол.

За потсетување, националната химна ќе се промени во „Боже, чувај го кралот“. Последниот крал бил Џорџ VI, татко на Елизабета II.

Share
Scroll to Top