Чевлите на платформа пак се во ин: Сексот и градот пак диктира мода

Чевлите на платформа пак се во ин: Сексот и градот пак диктира мода

пред 3 години

Уште на самиот почеток од снимањето на новите 10 епизоди од серијата „Сексот и градот“, главните хероини од серијата веќе почнаа да диктираат модни трендови. А доказ за тоа се и чевлите на платформа, кои благодарение на нив, се враќаат на сцена.

Холивудската актерка Сара Џесика Паркер која ја глуми култната модна икона Кери Бредшо, се појави во чевли на XL платформа со дебела пета, модел на Мери Џејн.

Покрај тој модел, таа носеше и сандали на платформа со потпис на Сен Лоран, а сличен модел носеше и нејзината колешка Синтија Никсон, односно Миранда Хобс.

Чевлите на платформа беа ултимативен тренд во 90 -тите, но набргу беа соборени од поелегантните модели на чевли, односно со пониски потпетици без платформа.

Изминативе години можеа да се забележат само во ретки прилики, додека некои од ѕвездите никогаш не се откажаа од нив, како на пример, латино убавицата Софија Вергара.

 

Share
Scroll to Top