Четворица бездомници освоиле 50.000 евра на лото

Четворица бездомници освоиле 50.000 евра на лото

пред 4 години

Четири бездомници освоиле 50.000 евра на лотарија, пренесуваат француските медиуми. Тикетот им го подарил еден од гостите во барот пред кој тие седеле во Бретања во западна Франција. Тој го купил тикетот за само едно евро, а на излегување од барот им го подарил на бездомниците.

Четворицата се израдувале кога дознале дека се добитници на главната награда. Тие ја поделиле на четири дела по 12.500 евра за секој од нив.

„Сите беа изненадени, но истовремено и јасно размислуваа“, е наведено во соопштението од органзаторот на играта на среќа. Тие не прецизирале како планираат да ги потрошат парите.

Share
Scroll to Top