По мини турнејата во Америка, џез музичарот Владимир Четкар замина на одмор на Флорида. Пејачот имаше неколку настапи Детроит, Чикаго, Кливленд и Њујорк, а крај заврши на плажа на Флорида, од каде што објави и слика.
„После ураганов стивнаја работиве по плаживе овде. Само по некоја птица и по некоја јагула охридска се приметвит“, рече Четкар.
За потсетување, ова беше негова трета турнеја во САД од почетокот на пандемијата. Во интервју за „Репортер“ тој неодамна рече дека со душа ги чека концертите, оти во годините со пандемија најмногу му недостигале контактот со публиката и настапите во живо.