Читајте од очи: Што говори изразот на лицето под маската?

Читајте од очи: Што говори изразот на лицето под маската?

пред 3 години

Научете како да ги откриете туѓите чувства и намери на соговорникот дури иако носи маска.

Откако пандемијата со коронавирус го парализира светот, заштитните маски станаа неизбежни во нашите животи. Ги носиме како би се заштитиле себеси и сите луѓе околу нас, но она на што инаку сме навикнати во комуникацијата сега ни е скратено.

Говорот на телото додека ни се померува устата, носот и образите покажуваат расположение и начин на кој соговорникот сака да комуницира со нас.

Сега сето тоа се сведе само на очите.

Како да комуницираме со очите:

Нашите очи се развиени така што несвесно реагираат на сето она што го гледаме и доживуваме. Затоа кога ќе видиме нешто што нè плаши, нашите очи природно ќе се рашират како би се зголемило видното поле.

Кога сме изненадени, реагираме слично – со ширум отворени очи и споени веѓи. Доколку соговорникот непрестајно трепка, тоа значи дека чувствува некаква нелагодност, додека јако стиснатите очи, искажуваат гадење.

Затоа, ако некој кој носи маска првпат го гледате и се запознавате со него, обратете внимание на неговите очи затоа што ќе ви открие своите намери.

Подигнатите веѓи кај мажот може да покажат дека женската личност му е привлечна, но подигнатите веѓи можат да значат и љубезни намери.

Подигнатите веѓи како да говорат „тука сум како пријател“.

Искрената насмевка секогаш ќе ја забележите во аглите на очите, благодарение на тенките брчки кои се појавуваат како последица на подигнатите образи. Сите тие несвесни реакции на очите на нашите емоции е тешко, ако не и невозможно, да ги одглумите и тоа е причината зошто очите обично се нарекуваат прозорци на душата.

Share
Scroll to Top