Шампионката на Вимблдон се најде на OnlyFans

Шампионката на Вимблдон се најде на OnlyFans

пред 1 година

Атрактивната Русинка Софија Жук, поранешна јуниорска шампионка на Вимблдон, отвори профил на страницата за возрасни Onlyfans.

„Момци, конечно дојде моментот кој сите го чекавте. Ќе има многу интересни материјали”, им порача атрактивната Русинка на машките и најави дека фановите не треба да очекуваат објави во кои таа е целосно гола.

Софија има 23 години, а откако се повлече од тенисот во 2020 година поради хронични проблеми со повреди, реши да изгради кариера како модел. Последниот професионален меч го одигра во 2019 година на „Вимблдон“.

Во изминатата деценија беше еден од врвните светски таленти, а своето тениско знаење го стекна во академијата на славната Џастин Енан. Набрзо следеа успесите кои навестија блескава кариера.

На 14 години ја освои првата титула на ИТФ, на 15 години „Вимблдон“, па тениската јавност почна да ја споредува со Марија Шарапова. За жал, повредите ѝ оневозможија да има кариерата како на популарната Маша, но благодарение на нејзиниот атрактивен изглед ѝ се отвори вратата на манекенството.

Во моментов живее во Мајами и доаѓа дома на секои шест месеци. Неодамна призна дека со зголемувањето на градите добила дополнителна самодоверба.

Share
Scroll to Top