Поранешниот американски кошаркар и НБА ѕвездата на Орландо, Л.А Лејкерс и Мајами, Шекил О’Нил на 14 јули ќе пушта музика на хрватскиот остров Крк.
Тој се занимава и со диџејство и е највисокиот диџеј во светот.
Шекил или диџеј Дизел ќе пушта музика во новиот клуб „Дијамант“ кој се наоѓа на островот, Крк. Поранешната НБА ѕвезда има издадено неколку рап-албуми паралелно додека водеше спортска, но и филмска кариера.
Првиот негов албум е издаден во 2003 година, насловен „Шек Дизел“ кој беше продаден во над милион примероци и се најде на 25 -то место на „Билборд топ листата“.