Славната актерка Шерон Стоун (63) го посети италијанскиот град Венеција каде што снимаше кампања за модната куќа „Долче и Габана“ која ја ангажираше да и биде заштитно лице.
Шерон Стоун прошета по Венеција во тесен црн фустан со проѕирни ракави кој го носеше со лакирани црни салонки, очила за сонце и впечатлива црвена чанта . И денес изгледа одлично иако веќе зачекори во седмата деценија.
Позираше на фотографите во ресторан на плоштадот Свети Марко, а околу неа набрзо се собраа многу обожаватели. Шерон Стоун седна со прекрстени нозе токму како во славната сцена од филмот „Основен Инстинкт“ од 1992 година, но овојпат носеше долна облека.