Шон Мендес и Камила Кабело преку Инстаграм открија дека раскинале

Шон Мендес и Камила Кабело преку Инстаграм открија дека раскинале

пред 2 години

Музичките ѕвезди Камила Кабело и Шон Мендес преку Инстаграм објавија дека раскинале. Тие беа во врска две години.

„Ја започнавме нашата врска како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме најдобри пријатели”, напишаа иста порака на инстаграм-стори двајцата музичари

Камила и Шон почнаа љубовна врска во јули 2019 година, брзо откако ја снимија заедничката песна „Сењорита“. Тие особено беа во центарот на вниманието за време на пандемијата. Во септември оваа година тие последен пат се појавија заедно на Мет Гала.

Share
Scroll to Top