Шон Пен во нова љубов со 40 години помлада девојка

Шон Пен во нова љубов со 40 години помлада девојка

пред 2 недели






Шон Пен пред две години се раздели од сопругата Лејла Џорџ. Сега, актерот е виден како страсно се бакнува со речиси 40 години помлада девојка среде улиците во Мадрид.

Како што пишуваат странските медиуми се работи за Валерија Ницов од Молдавија. Нејзината возраст сè уште не е позната, но се верува дека има дваесетина години. Имено, папараците ги „уловија“ на враќање од ноќно излегување, од каде се упатиле во хотел. Валерија е актерка од Молдавија, а според ИМДБ таа глуми од 2018 година. Досега глумела во некои помали проекти.

Како што пишува „Дејли мејл“, не се знае дали се во сериозна врска, но сигурно е дека не се плашат да ја покажат својата интимност пред јавноста.






Share
Scroll to Top