Шпанија ги зголеми даноците за богаташите

Шпанија ги зголеми даноците за богаташите

пред 4 години

Шпанската влада денес го претсави предлог буџетот за 2021 година, со кој има намера да ги зголеми даноците за богаташите, а собраните средства да ги насочи на социјални давачки, за да 47 милиони жители, можат побезболно ја поминат кризата со коронавирусот.

Социјалистичкиот премиер Педро Санчез, заедно со коалициониот партнер Пабло Иглесијас, најави зголемување на даноците за големите компании и поединци, чии годишни примања надминуваат преку 200.000 евра, како и за сите оние чии имоти вредат повеќе од 10 милиони евра.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени и фудбалерите на познатите шпански клубови. Собраните средства, левичарската влада има намера да ги пренасочи во малите и средни претпријатија, но и во туризмот, кој од март чувствува чести последици од кризата.

Државните трошоци за туризам требало да пораснат за 150%, баш како и за здравството, е наведено во предлог буџетот. Санчез изјави дека целта е да ги намали ефектите од коронакризата, да ја модернизира економијата и да ја засили државната благосостојба на луѓето.

Расходите на државниот буџет се проценети на 196.1 милијарда евра, во што се вклучени и 27 милијарди евра кои би требало да дојдат од заедничкиот буџет на Европската унија.

Предлог буџетот на малцинската влада на Санчез, допрва треба да се одобри во парламентот. Шпанија минатата година имала дефицит од 14,1% БДП, податок на Меѓународниот монетарен фонд.

 

Share
Scroll to Top