Најпопуларниот тиктокер Каби Ламе, по 21 година конечно доби италијанско државјанство. 22-годишниот комичар е роден во Сенегал, а во Италија живее од својата прва година. Тој вели дека отсекогаш се чувствувал како Италијанец и дека е среќен што сега и официјално е државјанин на земјата во која живее цел живот.
Ламе се прослави со своите забавни видеа на Тик-ток, каде што со гримаси и рацете ја забавува публиката. Својот профил на оваа социјална мрежа го отвори во април 2021 година и за 14 месеци стана човекот со најмногу следбеници на Тик-ток.
Ламе почнал да снима видеа откако го отпуштиле од работа поради кризата со короната. Тој успеа да создаде бренд од својот лик и гестикулации, а притоа не кажал ниту еден збор во постовите.
Во видеата што ги објавува Ламе на сатиричен начин ги прикажува постовите што ги прават другите корисници на Тик-ток. Иако на почетокот го критикуваа дека ги исмева сите околу себе, денес неговиот хумор привлекува огромно внимание. До толку што неодамна во едно од неговите видеа се појави и легендата на Милан, Златан Ибрахимовиќ.
@khaby.lame Man please use this type of glass and show the tricks ????#learnfromkhaby #learnwithtiktok #imparacontiktok ♬ suono originale – Khabane lame