Ѕвездата од серијата „Бафи убиец на вампири“ го обвини режисерот за злоставување

Ѕвездата од серијата „Бафи убиец на вампири“ го обвини режисерот за злоставување

пред 4 години

Глумицата Харизма Карпентер, позната од улогата во серијата „Бафи, убиец на вампири“, го обвини режисерот и продуцент Џос Ведон, дека ја злоставувал за време на снимањето. Таа изјавила дека злоставувањата продолжиле и за време на нејзината бременост.

„Речиси дваесет години ја криев вистината и измислував изговори за одрдени настани поради кои бев трауматизирана, сè до денешен ден“, изјавила Харизма, која објаснила дека бројните инциденти кои се случиле за време на снимањето, предизвикале кај неа хронични проблеми. .

Харизма доби поддршка од нејзината колека, која беше и главна ѕвезда во серијата, Сара Мишел Гелар.

„Иако сум горда што моето име се врзува со серијата, не сакам да бидам поврзана со името на Џос Ведон. Ги поддржува сите жртви на злоставуање и горда сум што тие одлучија да проговорат“, напишала Сара на „Инстаграм“.

Share
Scroll to Top