Администрацијата на Трамп одби 264 ѕвезди да се појават во рекламна кампања за кревање на свеста за короновирусот оти го критикуваат претседателот. Меѓу познатите што се најдоа на црната листа на Трамп се и Џенифер Лопез, Џони Деп, Били Ајлиш и Кристина Агилера. На само 10 ѕвезди им е одобрено да се вклучат во оваа кампања.
За рекламната кампања администрацијата на Трамп неодамна одобри буџет од 250 милиони долари и планот беше да се вклучат стотици познати личности. Но, потоа речиси сите беа отфрлени поради партиски политички интереси, пренесуваат американски медиуми.
Кампањата била иницирана само неколку недели пред изборите. Целта била да се „победи очајот и да се инспирира надеж“ среде пандемијата на коронавирусот со тоа што ќе се ангажираат забавувачи во специјалната програма. Кампањата состави список со 274 славни личности кои би можеле да бидат вклучени, но од списокот само 10 беа одобрени. Другите отпаднале или поради поддршка на поранешниот претседател Барак Обама или дека биле критички настроени кон Трамп, а некои и поради поддршката за правата на хомосексуалците и истополовите бракови.