Ѕвонарки се тренд оваа сезона

Ѕвонарки се тренд оваа сезона

пред 3 години

Оваа сезона на располагање имаме најразлични трендови, па секој може да пронајде нешто по својот вкус. Оваа година, повеќе отколку некогаш порано, модните дизајнери беа креативни и ни понудија грст модни избори. Актуелно е сè, од женствени комбинации до оние по малку лежерни.

Еден тренд меѓу нив посебно се издвојува. Имено, станува збор за ѕвонарки со широк крој.

Овие пантолони стануваат сè поактуелни, а изгледаат доста интересно доколку се искомбинираат на вистински начин. Со обѕир на тоа дека тие се доволно широки, се препорачува да се носат со тесни маички, кошули или блузи. Доколку сте со пониска градба, задолжително комбинирајте ги со високи потпетици.

Многу елегантно и моќно ќе изгледаат во комбинација со сако на кое ќе додадете и каиш.

Како што веќе споменавме, може да бидат дел од елегантен, но и лежерен стајлинг, во зависност од остатокот на гардеробата.

Модните експерти никако не советуваат овие пантолони да се носат со широки џемпери или дуксери затоа што во тој случај фигурата ќе изгледа лошо.

На овој тренд не одолеа ниту Викторија Бекам, а таа е некој на чиј стил треба да се угледате.

Share
Scroll to Top