Јавни личности и политичари се простија од Аки во Скопје каде на плоштадот е отворена книга на желост

Јавни личности и политичари се простија од Аки во Скопје каде на плоштадот е отворена книга на желост

пред 4 години

Фановите на Аки Рахимовски денеска за последен пат се поздравија со фронтменот на култната рок-група „Парни ваљак“. Во негова чест беше кај тревникот пред „Пелистер“ беше поставена отворена книга на жалост. Меѓу оние кои се запишаа во книгата беа претседателот на Македонија Стево Пендаровски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, музичарите Александар Митевски и Александар Тарабунов, како и актерот Драган Спасов – Дац.

„Аки Рахимовски остави неизбришлив белег и трајни вредности коишто се инспирација за сегашните и идни генерации музичари, а неговата оригиналност, изразена низ безвременските песни, ќе биде длабоко врежана во колективната меморија на целиот регион. Горди сме што сме современици на легендарниот Аки, кој верно ја негуваше врската со неговото Скопје во кое мина дел од младоста. Нека почива во мир, Вечна му слава“, напиша претседателот Пендаровски.

Вечерва со почеток од 18.00 часот на плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи главниот собир на хорови, пејачи и пријатели заеднички кои ќе отпеат некои од најголемите хитови на бендот. Настанот е организиран радио „Бубамара“, со поддршка од „КЛС саунд“ и Град Скопје.

За потсетување, Аки ненадејно почина во саботата на 66 години. Тој ќе биде утре погребан во Алејата на великаните во Загреб.

Фото: Фејбук страната на Радио Бубамара

Share
Scroll to Top