Јапонија прва по интелигенција во светот, Македонија предпоследна од балканските земји

Јапонија прва по интелигенција во светот, Македонија претпоследна од балканските земји

пред 2 години

Истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер од од Институтот Алстер во 2019 спроведоа студија, каде открија дека Јапонците имаат најголема просечна интелигенција во светот со коефициент 106.49, а веднаш зад нив се граѓаните на Тајван и Сингапур. Додека Македонија се најде на 108. место во светот по интелигенција со просечен коефициент 81,91.

Всушност, коефициентот на интелигенција (IQ) претставува мерка за човечката интелигенција. Луѓето кои сакаат да им се измери коефициентот на интелигенција, прават стандардизирани тестови, а потоа добиваат оценка којашто го рангира нивното ниво на интелигенција. Колку е поголем резултатот на коефициентот на интелигенција, толку личноста се смета за поинтелигентна.

Картата на коефициентот на интелигенција ја обојува секоја земја во зависност од тоа колку е висок просечниот резултат на коефициентот на интелигенција. Потемната виолетова нијанса укажува на понизок коефициент на интелигенција. Додека со црвено-портокалова боја се обоени оние земјит со повисок просечен резултат. Според податоците од оваа студија, најнизок коефициент на интелигенција е забележан на континентот Африка.

Ова е топ листата на најинтелигентните народи во светот.

  1. Јапонија – 106,49
  2. Тајван – 106,47
  3. Сингапур – 105,89
  4. Хонг Конг (Кина) – 105,37
  5. Кина – 104,10
  6. Јужна Кореја – 102,35
  7. Белорусија – 101,60
  8. Финска – 101,20
  9. Лихтенштајн – 101.07
  10. Холандија и Германија (нерешено) – 100,74

Што се однесува до балканските земји, ова се следните резултати:

  1. Хрватска – 95,75
  2. Бугарија – 90,99
  3. Србија – 89,6
  4. Босна и Херцеговина – 88,54
  5. Црна Гора – 85,78
  6. Македонија – 81,91
  7. Албанија – 81,75

Share
Scroll to Top