Постојат повеќе трикови со состојки кои вообичаено се користат при готвењe, во третмани за убавина. Ова не е ништо ново, напротив, некои народи уште од античко време користеле цимет, куркума и разни други намирници за разубавување.
Античките трикови што ги користат јапонските жени за побрз раст на косата се едноставни и евтини, од сето она што сме го слушнале досега.
Рицинусовото масло е еден од најчестите намирници кои ги имаме дома, а јапонките уште одамна го користат како за раст на косата, така и за раст на трепките на очите и на веѓите. Постапката е многу едноставна: на трепките и веѓите се нанесува навечер пред спиење, додека на косата само по скалпот минимум 1 час пред миење.
Вториот трик кој што го користат Јапонките е поврзан со обичен ориз. Постапката и тука е многу лесна и едноставна: oризот се готви, како што го правиме тоа на вообичаен начин, а треба да ја зачуваме само водата во која тој се варел.
Откако ќе ја измиеме косата со шампон, треба да ја измасираме со оризовата вода на темето, а потоа да нанесеме на остатокот од косата.
Се остава да делува десет минути, а потоа убаво се плакне косата со обична вода. Резултатот е веднаш видлив, бидејќи косата ќе биде посјајна и помека од претходно, а по некое време со редовно користење на оризовата вода ќе се забележи и побрз раст на истата.