(Видео) Турскиот актер Ердал Озијагчилар запеа на македонски

(Видео) Турскиот актер Ердал Озијагчилар запеа на македонски

пред 2 години

Турскиот актер Ердал Озијагчилар или попознат по улогите на Караман, Рамиз или Хасан изминатиов период престојуваше во Македонија, бидејќи дел од кадрите на новата серија „Балканска приспивна песна“ се снимаа во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Ердал се пофали и дека ги научил македонските песни „Битола мој роден крај“ и „Јовано Јованке“, кои заедно ги пее со придружба.

„Балканска приспивна песна“ е серија која на македонската јавност и стана позната откако беше објавено дека дел од кадрите ќе бидат снимани во Скопје. Оваа серија ја раскажува невозможната љубовна приказна на Ертан и Јованка во Скопје, главниот град на Македонија, поделен со реката Вардар и споен со Камениот мост. Доган Умит Караџа е режисер на серијата која ќе отслика делови од животот на турските и македонските семејства и двајца млади луѓе кои се сакаат, кои се сретнале во историска палата како пресврт на судбината.

Продуцентот Јалчин Ари, истакна дека два месеци снимале во Скопје, со екипа од вкупно 200 луѓе, и дека се навикнале и чувствуваат како локалци и дека веќе се дел од мултикултурната структура на земјата.

Актерот Ердал, изјави дека „Балканска приспивна песна“ е величествена приказна која ќе привлече големо внимание и на Балканот и во Турција, додавајќи дека во Скопје дошол 13 години по хит серијата „Збогум Румелија“ снимена на Балканот.

Share
Scroll to Top