Јас сум најдобриот на светот, Меси и Роналдо не се ништо подобри од мене, рече Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Франс фудбал“

Јас сум најдобриот на светот, Меси и Роналдо не се ништо подобри од мене, рече Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Франс фудбал“

пред 3 години

Поранешниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ вели дека е најдобриот во светот и дека не чувствува дека е помалку вреден фудбалер од Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Тој во интервју за „Франс фудбал“ вели дека според него, тој е најдобриот.

Ветеранот на Милан со 39. години, се уште активно игра фудбал. Тој 22 годишната кариера ја мина во седум земји. Но, никогаш не ја освои „Златната топка“, како што тоа им успеа на Меси и Роналдо. Двајцата отсекогаш доминираа во доделувањето на оваа награда.

Златан вели дека тоа не го фрла во сенка неговото остварување.

„Ако зборуваме за квалитетите, немам ништо помалку од нив. Ако ги погледнете трофеите, тогаш да, не ја освоив Лигата на шампионите. Но, како се смета тоа кој е најдобар? Не сум опседнат со тоа, бидејќи кога правиш добри работи колективно, индивидуалното се покажува. Дали ми фали ‘Златната топка’? Не, јас и недостасувам на ‘Златната топка’. Длабоко во себе мислам дека сум најдобриот на светот и не сакам да се споредувам. Секој играл во својата генерација, со различни соиграчи. Секој има своја приказна“, вели Ибрахимовиќ во интервју за „Франс фудбал“.

Share
Scroll to Top