Јато фламинга по подолго време се појавија на брегот на Охридското Езеро кај Свети Наум

Јато фламинга по подолго време се појавија на брегот на Охридското Езеро кај Свети Наум

пред 4 години

Деновиве повторно е забележано помало јато фламинга во плиткиот крајбрежен дел на Охридското езеро, на потегот меѓу македонско-албанската граница кај Свети Наум. Претходно беа забележани во овој регион пред неколку години.

Некои видови фламинга се преселници и можат да се забележат и во делови посеверно од нивниот вообичаен хабитат, иако тоа ретко се случува.

Фламингата се хранат со одредени видови планктон и на езерата слетуваат само по храна. Тие се населуваат во мочуришни предели и плитки морски крајбрежни лагуни, па затоа никогаш не е забележано нивно гнездење во овие краишта.

Share
Scroll to Top