Јелена Јованова : Короната не дозволи да бидам во новогодишната „Преспав“

Јелена Јованова : Короната не дозволи да бидам во новогодишната „Преспав“

пред 4 години

Актреката Јелена Јованова не беше на снимањето на новогодишната  „Преспав“. Таа се појави на кратко во телефонски разговор со Марио. По сите нагаѓања зошто ја немаше, актерката кончено ја кажа својата приказна.

„Драги мои Преспавци, се надевам како што уживате во новата сезона, уживавте и во новогодишната епизода. После небројните прашања кон мене, продукцијата и моите колеги за тоа каде е и зошто ја нема Јелена од Драчево во оваа специјална епизода, би сакала на кратко да ви одговорам. Јелена се разбира дека вечерва ќе ве посети, на кратко. За жал ситуалцијата со корона овој пат не дозвоили поинакво решение. Знам дека ме разбирате и ќе ми простите. Од срце ви посакувам Среќна Нова. Ве сака Јелена од Драчево, жена за све“,вели Јованова, која е еден од омилените ликови на јавноста со улогата на рецепционерката Јелена од Дрчаво.

Share
Scroll to Top