Јогурт-колач со кајсии - Reporter.mk

Јогурт-колач со кајсии – Reporter.mk

пред 2 години

Потребни состојки:

dobivaj vesti na viber

7 кајсии
1 чаша густ јогурт (250 мл)
1 чаша крем сирење (маскарпоне, филаделфија)
100 г шеќер
3 цели јајца
40 г густин

Начин на подготовка:

Кајсиите измијте ги добро под млаз ладна вода, па отворете ги на половинки и извадете им ги семките. Исечкајте ги на четвринки или на помали парчиња по желба. Калапот за торти (18-20 см) обложете го со хартија за печење на дното и страните. На дното од калапот распоредете две третини од кајсиите за да се покрие целото дно. Во подлабок сад ставете го густиот јогурт, крем сирењето по желба, шеќерот, јајцата и скробот/нишестето. Изматете со кујнска маталка додека сите состојки убаво да се соединат и да добиете изедначена, мазна и хомогена смеса без грутчиња. Добиената смеса излејте ја во калапот, а одозгора распоредете го остатокот од парчињата кајсии. Вака приготвениот колач ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Печениот колач оставете да се олади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер да се лади неколку часа или најдобро преку цела ноќ пред послужувањето.

Share
Scroll to Top