Јоце со Цеца, Огнен со Марија: Македонските пејачи се пофалија дека ќе пеат со српските ѕвезди

Јоце со Цеца, Огнен со Марија: Македонските пејачи се пофалија дека ќе пеат со српските ѕвезди

пред 3 години

Неколку македонски пејачи се пофалија дека ќе пеат на концертите на познати српски ѕвезди. Па така, Јоце Панов откри дека ќе настапи пред Цеца на концертот што таа ќе го одржи на 14 август во Охрид. Огнен Здравковски, пак, вечерва (12 август) ќе настапи пред Саша Ковачевиќ во познат клуб во Струмица. Во истиот клуб, на 14 август, Огнен ќе пее и со Марија Шерифовиќ, која му беше ментор кога тој се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.

Огнен и Јоце не се единствените што пееја со познати српски музичари периодов. И Андријана Кеш неодамна настапи на мини концертот на Дарко Филиповиќ во Скопје.

Фановите на пејачите се со поделени мислења. На социјалните мрежи едни коментираат дека е добро што и тие во време на пандемија нашле работа. Други, пак, пишуваат дека македонските пејачи се продаваат за ситни пари како предгрупа на српските ѕвезди и дека е смешно што прифаќаат да пеат со нив колку за да се појават некаде.

Share
Scroll to Top