Пејачката Росана Сариќ Тодоровска и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче наскоро ќе добијат уште еден внук.
Нивната ќерка Ивана чека второ бебе, а Росана објави дека ќерка ѝ ќе добие син. Ивана и Џејмс веќе го имаат синот Ноа, кој наскоро ќе полни три години.
Росана често објавува фотографии од нејзиниот внук и пишува дека ѝ е најголемата среќа во животот.