„Ќе го преживееме и ова во животов“, спремајте се за пандемска Златна Бубамара

„Ќе го преживееме и ова во животов“, спремајте се за пандемска Златна Бубамара

пред 3 години

Манифестација Златна Бубамара веќе неколку години е најголемиот регионален бренд. Наскоро најслушаното радио повторно ќе ја освојува домашната и регионалната публика. На Канал 5 телевизија традиционално и годинава ќе може да ја проследите Златната Бубамара, која сега ќе се одржи во пандемиски услови со слоганот „Ќе го преживееме и ова во животов!

Инаку според истражување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Радио Бубамара е најслушана регионална станица и во последниот квартал на 2020 година.

Со тоа Бубамара го продолжи и заокружи својот статус на најслушано регионално радио во изминатата година, титула што успева да ја задржи во сите квартални истражувања – од 2018 наваму.

Во истражувањето на периодот октомври-декември 2020, Радио Бубамара води 5 проценти пред второрангираната радио станица.

Share
Scroll to Top