„Ќе ми биде тешко без него“, со емотивна порака сопругата на Шон Конери се прости од актерот

пред 4 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Сопругата на холивудскиот глумец Шон Конери, Мишелин Рокебрун, со емотивна порака се прости од оскаровецот. Рокебрун која со Конери беше во брак повеќе од 45 години, веи дека тој бил прекрасен човек и дека имале одличен заеднички живот.

„Во последните неколку дена тој дури и не можеше правилно да се изрази затоа што страдаше од деменција. Почина мирно, во сон и најважно е тоа што тој тоа и го сакаше “, изјави 91-годишната Мишелин.

„Тој беше прекрасен човек и имавме одличен живот заедно. Тој беше човек што другите можеа да го имитираат. Ќе ми биде тешко без него, го знам тоа. Но, јас сум свесна дека не можевме да бидеме вечно заедно“, вели Рокебрун.

За потсетување Шон Конери почина изминатиот викенд на 91 годишна возраст. Тој почина мирно во сон во својот дом на Бахамите. Шонери беше познат по голем број филмови, но најмногу ќе остане запаметен како човекот кој прв го глумеше тајниот агент Џејмс Бонд.

 

 

Share
Scroll to Top