post-image

Ќе се мажи турската актерка Демет Оздемир која беше во врска со Џан Јаман

пред 2 години

Турската актерка Демет Оздемир овој месец ќе се мажи со пејачот Огзан Коч. Нивната врска беше турбулентна. Парот дури и кон крајот на минатата година раскина, но сепак ѝ дадоа шанса на нивната љубов која ќе ја крунисаат со брак.

dobivaj vesti na viber

Турските медиуми пишуваа за љубовниот живот на актерката. Таа беше во љубовна врска со актерот Јусуф Чим со кого во 2015 година глумеа во серијата „Мирис на јагода“. По две години врска тие раскинаа.

Медиумски најследена врска на Демет беше со актерот Џан Јаман, кој ѝ беше партнер во хит-серијата „Романтичарот“. Многубројните фанови навиваа за нивната љубов, но тие никогаш не потврдија дека се во врска, иако во јавноста беа објавени фотографии од нивниот заеднички одмор.

Актерката се појави и во спотот на поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, познатиот турски пејач Мустафа Сандал.

Share
Scroll to Top