Првиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС Опен, откако во полуфиналето го победи Германецот Александер Зверев по пет сетови. На пресот со новинарите, Ѓоковиќ откри што му рекол Германецот.
„Саша ми посака среќа и другарски ми порача дека ќе ме претепа ако не ја освојам титулата во недела. Шега на страна. Ние убаво се согласуваме и навистина убаво од него што ми рече такво нешто на мрежата и во соблекувалната по мечот. Имаме голема почит еден кон друг и одлично се согласуваме надвор од теренот“, рече Ѓоковиќ пред новинарите.
Тој рече дека голема поддршка имал и од публиката и дека атмосферата била феноменална.
„Имаше доста емоции на теренот и добри и лоши. И падови и издигнувања. Морам да признаам дека имав континуитет во играта. Против Беретини постојано бев константен. Сепак, во најважните моменти успеав да пронајдам брзина и во петтиот сет да одиграм како што одиграв. Си дадов можност да го завршам мечот и успеав. Атмосферата беше феноменална. Мислам дека имав повеќе поддршка од било кој меч од почетокот на турнирот. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои ме поддржаа. Како што Американците сакаат да кажат, атмосферата беше електрична и на двајцата ни даде можност да дадеме сè од себе. Мислам дека го оправдавме називот дерби во контекст на неизвесен натпревар. Мислам дека беше фер што петтиот сет одлучи. Мислам дека во петтиот сет го подигнав нивото, а потоа на тој бран се возев до последниот удар“, рече Ѓоковиќ.