„Ќе ти ја отсечеме главата ако тужиш“- Неда Украден бара имот од Хрватска, роднините не ѝ даваат

„Ќе ти ја отсечеме главата ако тужиш“- Неда Украден бара имот од Хрватска, роднините не ѝ даваат

пред 3 години

Неда Украден има проблеми со семејството од Хрватска, пипуваат медиумите, според кои Неда ги тужела своите роднини затоа што ја исклучиле од наследството на нејзиниот дедо, па сега наводно и се закануваат и уценуваат. Дури и рекле дека ќе ѝ ја отсечат главата.

„ Бидејќи Неда тужеше 26 членови на семејството од Имотски затоа што тие ја отфрлија кога делеа имот што и припаѓа според законот, многумина од нив сега сакаат да и се одмаздат“, велат нејзини блиски . Според нив Неда има доволно затоа што е позната и заработува пари и не им е јасно зошто сега го бара тој дел од имотот. „ Преку роднини и порачуваат да се чува и дека ќе ја отсчеат главата ако не ја повлече тужбата. Тие дури рекоа дека сите ќе станат и ќе дојдат на нејзиното место во Белград за да и покажат како изгледа кога е киднапирана. Од друга страна, Неда верува дека има право на својот дел и нема намера да се откаже, па го даде  случајот на адвокатот за да се справи со тоа бидејќи, како што рече, законот е на нејзина страна и таа нема да се откаже од наследството“,вели нејзин близок за српските медиуми.

Според хрватските медиуми, пак,  Неда Украден ја тужела Република Хрватска, градот Имотски, како и бројни членови на нејзиното потесно и подалечно семејство, вкупно 26 од семејствата Украден, Кадијевиќ, Милош и Путица, со цел да ги регистрира своите потекла во Главина Доња, населба како дел од Имотски.

 

Share
Scroll to Top