Ќофтиња со кари сос - Reporter.mk

Ќофтиња со кари сос – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки

1/2 кг мелено месо
1 лажичка сув зачин
1/2 главица ситно рендан кромид
1 лажица масло

Сос
1 главица кромид
2-3 чешниња лук
400 мл павлака за готвење
1 лажица доматна салца
1 лажица сенф
1 лажица кари
сув зачин, бибер по вкус

Начин на подготовка:

Измесете го месото и формирајте мали ќофтенца. Пропржете ги малку на загреано масло.
Во истото масло ставете го ренданиот кромид да се потпржи, додајте го лукчето, салцата, павлаката и останатите зачини. Кога се ќе се спои, додајте ги ќофтињата. Нека поварат на тивко десетина минути. Послужете ги додека се топли.

Share
Scroll to Top