Џастин Тимберлејк носи чанта со мотиви на тиква во новата кампања на „Луј Витон“

Џастин Тимберлејк носи чанта со мотиви на тиква во новата кампања на „Луј Витон“

пред 1 година

Џастин Тимберлејк во новата кампања на „Луј Витон“.  Модниот бренд неделава, во соработка со јапонскиот дизајнер Јајои Кусама, ја објави својата колекција „Создавање бесконечност“ (Creating Infinity).

Во оваа, како што ја нарекоа, надреалистичка кампања со авангарден стил, Тимберлејк носи сина јакна со точки и – чанта украсена со мотиви на тиква, со потпис на Кусама. Оваа колекција на пазарот ширум светот ќе се појави на 31 март. Линијата вклучува и кожени производи, облека за мажи и жени и парфеми.

Покрај 42-годишниот пејач, во рекламите се појавија и други познати лица – глумиците Леа Сиду, Жоу Донгју и Хојеон Јунг.

Share
Scroll to Top