Џастин Тимберлејк се враќа на сцената, за еден час пеење ќе заработи над 6 милиони долари

Џастин Тимберлејк се враќа на сцената, за еден час пеење ќе заработи над 6 милиони долари

пред 1 година






Џастин Тимберлејк ќе пее на отворањето на казино-хотел во Лас Вегас, а за еден час на сцената ќе заработи над шест милиони долари. За познатиот поп-пејач ова ќе биде прв настап во живо по четири години. Миниконцертот е закажан за 13 декември, пренесува „Сан“.

За потсетување, поп-ѕвездата последен пат настапи во живо во април 2019 година, во Анкасвил, Конектикат, САД, на последниот концерт од турнејата под наслов „Man Of The Woods“ по истоимениот албум. Неговото враќање на музичката сцена беше најавено и со новата песна „Keep Going Up“,создадена во соработка со Тимбаленд и Нели Фуртадо, по нивниот заеднички хит „Give It To Me“ од 2007 година.






Share
Scroll to Top