Џек Николсон запустен до непрепознатливост, актерот се појави во јавноста после година и пол

Џек Николсон запустен до непрепознатливост, актерот се појави во јавноста после година и пол

пред 1 година

По 18 месеци непојавување во јавноста, холивудскиот актер Џек Николсон конечно е виден на балконот на неговиот имот во Беверли Хилс.

Неговата состојба со месеци ги загрижува неговите пријатели, кои стравуваат дека актерот ќе умре сам, исто како и неговиот поранешен сосед и колега Марлон Брандо.

Во четвртокот, Николсон бил фотографиран како ужива на свеж воздух со поглед на кањонот Френклин. Носел широка портокалова кошула и широки спортски панталони додека бил потпрен на оградата на балконот во утринските часови.

Николсон е веројатно најпознатиот холивудски ерген, иако беше во брак четири години. Неговата најпозната романса со Анџелика Хјустон (71) заврши пред речиси 25 години.

Трикратниот оскаровец последен пат беше виден во октомври 2021 година, заедно со неговиот син Реј (31), кој седеше покрај теренот и гледаше натпревар на ЛА Лејкерс. Според извештаите, Реј е еден од ретките луѓе со кои Николсон е во контакт.

Share
Scroll to Top