Популарната холивудска глумица Џенифер Анистон размислува да се приклучи на сциентологијата, како и нејзините колеги Том Круз и Џон Траволта, пренесуваат светските таблоиди.
Магазинот Globe уште минатата година објави како ѕвездата од серијата „Пријатели“, изјавила дека нема ништо против оваа религија. Таа на своите пријатели постојано им кажувала дека слушала само добри работи за оваа црква.
Сега Gossip cop, повикувајќи се на извор близок до Џенифер, пренесува дека таа сериозно размислува да се приклучи во црквата.
„Џенифер со години чувствувала проив да се запознае со таа религија, но никогаш немала можност да отиде во црквата поради разните лични предизвици низ кои поминувала. Но, сега, кога повеќе нема толаква драма во нејзини живот, таа е подготвена да го направи тоа“, открил изворот.
Сепак тој објааснил дека Анистон во неколку наврати и се предомислувала, откако го изгледала видеото за сциентологијата, кој го снимил Луис, братот на нејзиниот поранешен сопруг Џастин Терокс, во кое оваа религија била прикажана во негативен контекст.
Контроверзната сциентолошка црква ја биле лош глас поради тајноста и целосната преданост која таа ја бара од нејзините следбеници, меѓу кои се и некои од познатите холивудски глумци. Недовербата од страна на јавноста, се зголеми, откако се откри дека истата била причина за разводот на Том Круз од неговата сопруга Кети Холмс, кој се случи пред осум години.
Исто така црквата му забранила на глумецот и да се гледа со неговата 14. годишна ќерка Сури.