(Фото) Џенифер Лопез објави фотка од голиот Бен Афлек: намќор и секси

Џенифер Лопез и Бен Афлек видени на исто место по веста за разводот

пред 2 недели





Џенифер Лопез имаше тензичнa повторна средба со Бен Афлек веднаш по објавувањето на нивниот развод. Пејачката беше забележана како влегува во деловната зграда што ја делат во Лос Анџелес, додека актерот заминал само половина час подоцна, пишува „Дејли мејл“.

Џенифер е видена во канцеларија со нејзината мајка Гвадалупе Родригез, откако отишле на ручек во хотелот „Беверли Хилс“. Пејачката изгледаше одлично додека носеше темно зелен топ и здолниште кои ги спои со розова дизајнерска чанта, зелени потпетици и големи очила за сонце.

Во меѓувреме, Бен беше виден како ја напушта деловната зграда облечен во светло розова кошула со сив блејзер. Ова е првпат парот да биде виден на исто место откако беше објавен нивниот развод минатиот месец.

 






Share
Scroll to Top