Џенифер Лопез и Бен Афлек се скараа на премиерата на нејзиниот филм

Џенифер Лопез и Бен Афлек се скараа на премиерата на нејзиниот филм

пред 2 години

Славната холивудска двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек беа заедно на премиерата на нејзиниот нов филм The mother во средата. Позираа на црвениот тепих и се бакнуваа, а за момент делуваа сериозно и почнаа да се расправаат, пишуваат медиумите. Дел од нивната расправија ја снимија и фоторепортерите.

Велат дека по кавгата двајцата се однесувале како се да е во ред и почнале да се смеат. За потсетување двајата беа и на доделувањето на „Греми“ наградите годинава кога таблоидите пишуваа за моментот на напнатост меѓу нив кога пејачката му рече да се потруди да се однесува дека му е забавно.

„Престани. Изгледај малку повеќе пријателски. Изгледај мотивирано“, му рече тогаш Лопез на Афлек.

За потсетување, двајцата се венчаа минатата година во Лас Вегас, неколку месеци откако објавија дека се свршија. Двајцата беа заедно и пред 12 години кога Бен ја прекина свршувачката затоа што наводно не сакал повеќе Џенифер да му наредува како да се однесува и облекува.

Share
Scroll to Top