Годинашната листа на „Форбс“ достигна рекорд од 2.755 милијардери, а листата четврти пат по ред ја предводи основачот на „Амазон“, Џеф Безос.
Списокот на ултрабогатите се шири по годината во која пандемијата на коронавирусот ги сруши светските економии и ја загрози егзистенцијата на луѓето низ светот.
Според „Форбс“, годинешните милијардери заедно вредат 13,1 трилиони долари (илјада милијарди), споредено со 8 милијарди долари минатата година.
– Многу богатите луѓе станаа уште многу побогати – рече извршниот директор на „Форбс“.
Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, се најде на второто место на листата, од 31-то место минатата година.
Бернард Арно, извршен директор на компанијата за луксузни производи ЛВМХ, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, и извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, се рангирани меѓу првите пет светски милијардери.
Инвеститорот и деловен тајкун Ворен Бафет првпат по повеќе од две децении испадна од првите пет. Оваа година на списокот има 493 новодојденци, вклучувајќи ја и Витни Волф Херд, извршната директорка на апликацијата за состанување „Бамбл“.