Џеф Бриџис вели дека се заразил со корона додека одел на хемотерпија: Ракот ми изгледаше како шега

пред 3 години

Холивудскиот глумец Џеф Бриџис преку пост на Твитер откри дека се заразил со корона во јануари, а во исто време одел на хемотерапија затоа што боледува од рак на лимфниот систем. Популарниот глумец вели дека во исто време позитивна на корона била и неговата жена Сузан.

„Таа беше во болница пет дена, а јас пет недели. Причината поради којашто бев таму толку долго е тоа што мојот имунолошки систем беше истрошен од хемотерапијата. Мојот танц со ковид-19 направи ракот да изгледа како шега“, напиша тој.

Актерот објави и дека неговиот рак е во фаза на ремисија. Нему му беше откриен лимфом лани во октомври.

Share
Scroll to Top