Џејн Фонда ќе добие Златен глобус за животно дело

Џејн Фонда ќе добие Златен глобус за животно дело

пред 3 години

Американската актерка Џејн Фонда, ќе добие Златен глобус за животно дело поради „нејзиниот непобитен талент кој ѝ носи највисоки признанија“ откри Холивудската асоцијација на странски новинари (НФПА), која е организатор на свеченоста. Доделувањето на наградата ќе се случи на годинешната свеченост во Беверли Хилс, на 28 февруари.

„Иако нејзиниот професионален живот претрпе многу потреси, таа секогаш ќе остане запаметена по непоколебливата посветеност на промените“, стои во соопштението.

Фонда има впечатлива актерска кариера од шеесет години. Таа првиот филм го сними 1960 година, а подоцна стана една од најпопуларните холивудски sвезди, со филмовите „Барбарела“, „Девет до пет“ и „На златното езеро“. Освои и Оскар. Нејзина последна улога е во хумористичната серија на Нетфликс, „Грејс и Френки“.

Фонда е и политичко-општествена активистка. Во 1960те години, таа отворено зборуваше против војната во Виетнам. Лани глумицата беше уапсена неколкупати за време на протестите против климатските промени.

Share
Scroll to Top