Анџелина Џоли и Брет Пит не се согласуваат нивната ќера Шајло а биде модел, старлета и реалити ѕвезда и покрај тоа што едногодишниот договор е со понуда од 10 милиони долари, тие истакнуваат дека здравото воспитување нема цена.
Шајло Џоли-Пит е пред камерите и во центарот на вниманието уште од нејзиното детство. Покрај тоа што нејзините родители се познати, таа поседува необичната убавина што ја наследила од нив, и на медиумите отсекогаш им била интересна.
Во една фаза од растењето, Шајло сакала да изгледа и да се однесува како момче, што нејзините родители ја поддржувале, додека јавноста го доживеа тоа на поинаков начин. Момчето кое носеше широки фармерки прерасна во вистинска убавица.
Непосредно пред нејзиниот шеснаесетти роденден, големите компании и модни брендови почнаа да се натпреваруваат за да ја вработат убавата, сега веќе зрела девојка. Медиумите ја споредија со Кендал Џенер и и предвидоа уште поуспешна кариера од славната „Кардашијан“.
Како што објавија американските шоубиз портали, една од најголемите модни агенции и понудила на Шајло неверојатни 10 милиони долари за едногодишен договор. Сепак, и покрај строгите одредби и клаузули, Анџелина како старател ја одбила можноста за преговарање.
Шајло неодамна покажа дека е навистина талентирана за танцување. Додека видеото од нејзиниот настап стана хит на интернет.
Shiloh Jolie-Pitt dances to Doja Cat’s “Vegas” from #Elvis soundtrackpic.twitter.com/TtDxXCpp4K
— Film Updates (@FilmUpdates) June 23, 2022