Џони Деп е заљубен во Деми Мур

Џони Деп е заљубен во Деми Мур

пред 3 години

Славниот холивудски актер Џони Деп, се заљубил во неговата колешка Деми Мур, пренесуваат светските таблоиди. Деп кој од неодамна го изгуби судскиот спор за семејно насилство, од неговата партнерка, Амбер Херд, сега сака да сврти нов лист во својот живот, пишува New Idea.

Деп има решен да ја освои Мур и да ја искористи за да си го подигне публицитетот, открива негов близок пријател. Тој побарал од неговиот колега Арми Хамер да му договори состанок со Мур. Хамер во моментов излегува со најстарата ќерка на Мур, 32 годишната Румер Вилис.

Деп смета дека заедно со Мур би биле совршена двојка, затоа што и двајцата имаат долгогодишни кариери, пропратени со разни скандали, но исто така и двајцата докажале дека можат да се носат со притисокот од јавноста.

 

 

 

Share
Scroll to Top